Wednesday, September 16, 2015

Влијанието на (не)среќата и (не)задоволството врз претприемништвото







Најновото истражување на Company Check покажа дека постои врска помеѓу несреќата (незадоволството) и претприемништвото, според која областите во Обединетото Кралство во кои населението е најнесреќно имаат најголема стапка на основање на нови бизниси. Ова укажува на одреден тренд кој сугерира дека претприемништвото, всушност, се раѓа на одредена несреќа.
Извор: gettyimages.co.uk

Според податоците од извештајот, од вкупно 130 населени места опфатени со ова истражување, двете со најмалку среќно население се Баркинг (Barking) и Дагенхaм (Dagenham). Но, токму во овие две населени места во 2014 година се создале дури 21,400 нови бизниси, од вкупно 250,000 колку што се формирале на територијата на целото Кралство. Единственото населено место каде се содале повеќе нови бизниси е градот Лондон, кој пак, е рангиран како 24-тото најмалку среќно место за живеење.











Осум од првите 10 места според бројот на формирани нови бизниси ги завземаат населени места кои спаѓаат меѓу оние со најмалку среќно население. Само градот Бристол, кој се наоѓа помеѓу првите 50 места според среќата на своето население е во првите 10 според бројот на новоформирани бизниси. Херогејт (Harrogate), местото со најсреќно население во Обединетото Кралство, според бројот на новосоздадени бизниси во 2014 година се наоѓа на 76-тото место.

Сето ова укажува дека, колку е некој понесреќен, толку е поголема веројатноста да започне сопствен бизнис.

No comments:

Post a Comment