Бабсон Колеџ го објави
Глобалниот извештај за претприемништвото 2015 година, според кој, во 2014 година
околу 24 милиони Американци (14% од вкупното население) имале сопствен бизнис.
Она што е интересно е податокот што 11% од нив се на возраст помеѓу 55 и 64
години, што претставува највисока стапка на претприемничка активност на таа
возрасна група помеѓу сите 29 држави кои се предмет на ова истражување.
![]() |
| Извор: creativecommons.org / CC BY |
Извештајот натаму нотира
рекордно високо ниво на оптимизам кај населението во САД, од кое дури 51% смета
дека постојат навистина добри можности за започнување сопствен бизнис.
Истражувањето покажува дека 76% од претпријатијата кои се основаат од три и повеќе основачи очекуваат да имаат по најмалку шест вработени после период од пет години од започнувањето со бизнисот, наспроти 33% од претпријатијата основани од само еден основач. Дури 24% од сите претприемачи очекуваат дека после период од пет години ќе вработуваат по најмалку 20 вработени во своите претпријатија.



