Thursday, September 10, 2015

Претприемништвото во САД достигнува нови височини

Според најновото истражување на Бабсон Kолеџ, 14% од Американците мината година започнале (или биле вклучени во водењето на) нов бизнис, што претставува највисоко ниво во последните 16 години. Ако дополнително на ова се земе предвид дека 12% од Американците се изјасниле дека имаат намера да започнат нов бизнис, тогаш може да се заклучи дека населението во САД со поголема веројатност ќе превземе акција и ќе ги реализира своите претприемнички амбиции отколку луѓето во другите земји.
Извор: shutterstock.com

Во извештајот со наслов „Глобално истражување за претприемништвото 2014“ (2014 Global Entrepreneurship Monitor - GEM) стои дека секој седми Американец води компанија која не е постара од 3,5 години, а најголемиот број од нив води компанија која не е постара од 3 месеци.

Само 36% од новите бизниси се од секторот услуги кои се базираат на знаење, како што се, на пример, развој на софтвер или правни услуги, додека поголемиот дел од нив се традиционални бизниси од типот фарми или хотели кои нудат ноќевање со појадок.

Жените и натаму се помалку застапени во претприемничките потфати во САД. Извештајот укажува дека 11% од жените започнуваат нов бизнис, додека кај мажите тоа го прават 17% од нив.

No comments:

Post a Comment