Monday, September 21, 2015

Расте интересот во САД за претприемничка кариера, но и оптимизмот за повеќе вработувања



Бабсон Колеџ го објави Глобалниот извештај за претприемништвото 2015 година, според кој, во 2014 година околу 24 милиони Американци (14% од вкупното население) имале сопствен бизнис. Она што е интересно е податокот што 11% од нив се на возраст помеѓу 55 и 64 години, што претставува највисока стапка на претприемничка активност на таа возрасна група помеѓу сите 29 држави кои се предмет на ова истражување.

Извор: creativecommons.org / CC BY
Извештајот натаму нотира рекордно високо ниво на оптимизам кај населението во САД, од кое дури 51% смета дека постојат навистина добри можности за започнување сопствен бизнис.

Истражувањето покажува дека 76% од претпријатијата кои се основаат од три и повеќе основачи очекуваат да имаат по најмалку шест вработени после период од пет години од започнувањето со бизнисот, наспроти 33% од претпријатијата основани од само еден основач. Дури 24% од сите претприемачи очекуваат дека после период од пет години ќе вработуваат по најмалку 20 вработени во своите претпријатија.

Wednesday, September 16, 2015

Влијанието на (не)среќата и (не)задоволството врз претприемништвото







Најновото истражување на Company Check покажа дека постои врска помеѓу несреќата (незадоволството) и претприемништвото, според која областите во Обединетото Кралство во кои населението е најнесреќно имаат најголема стапка на основање на нови бизниси. Ова укажува на одреден тренд кој сугерира дека претприемништвото, всушност, се раѓа на одредена несреќа.
Извор: gettyimages.co.uk

Според податоците од извештајот, од вкупно 130 населени места опфатени со ова истражување, двете со најмалку среќно население се Баркинг (Barking) и Дагенхaм (Dagenham). Но, токму во овие две населени места во 2014 година се создале дури 21,400 нови бизниси, од вкупно 250,000 колку што се формирале на територијата на целото Кралство. Единственото населено место каде се содале повеќе нови бизниси е градот Лондон, кој пак, е рангиран како 24-тото најмалку среќно место за живеење.











Осум од првите 10 места според бројот на формирани нови бизниси ги завземаат населени места кои спаѓаат меѓу оние со најмалку среќно население. Само градот Бристол, кој се наоѓа помеѓу првите 50 места според среќата на своето население е во првите 10 според бројот на новоформирани бизниси. Херогејт (Harrogate), местото со најсреќно население во Обединетото Кралство, според бројот на новосоздадени бизниси во 2014 година се наоѓа на 76-тото место.

Сето ова укажува дека, колку е некој понесреќен, толку е поголема веројатноста да започне сопствен бизнис.

Thursday, September 10, 2015

Претприемништвото во САД достигнува нови височини

Според најновото истражување на Бабсон Kолеџ, 14% од Американците мината година започнале (или биле вклучени во водењето на) нов бизнис, што претставува највисоко ниво во последните 16 години. Ако дополнително на ова се земе предвид дека 12% од Американците се изјасниле дека имаат намера да започнат нов бизнис, тогаш може да се заклучи дека населението во САД со поголема веројатност ќе превземе акција и ќе ги реализира своите претприемнички амбиции отколку луѓето во другите земји.
Извор: shutterstock.com

Во извештајот со наслов „Глобално истражување за претприемништвото 2014“ (2014 Global Entrepreneurship Monitor - GEM) стои дека секој седми Американец води компанија која не е постара од 3,5 години, а најголемиот број од нив води компанија која не е постара од 3 месеци.

Само 36% од новите бизниси се од секторот услуги кои се базираат на знаење, како што се, на пример, развој на софтвер или правни услуги, додека поголемиот дел од нив се традиционални бизниси од типот фарми или хотели кои нудат ноќевање со појадок.

Жените и натаму се помалку застапени во претприемничките потфати во САД. Извештајот укажува дека 11% од жените започнуваат нов бизнис, додека кај мажите тоа го прават 17% од нив.

Friday, September 4, 2015

Младите да научат за водењето бизнис

Меѓународната организација на трудот (ILO - Interantional Labour Organisation) направи проценка дека околу 88 милиони млади луѓе од целиот свет се невработени, што претставува речиси 47 одсто од вкупно 186 невработени.
Извор: KnowAboutBusiness.org
Програмата "Научете за бизнисот" (KAB - Know About Business) е замислена така да кај младите на возраст од 15 до 20 години ги промовира и јакне свесноста за претприемништво и самовработување. Од 2004 година од кога оваа програма започна со работа, обуките успешно ги минаа 1,100 наставници во средни училишта и универзитетски професори од 20 држави во светот, а со своите активности програмата опфати повеќе од 40,000 ученици и студенти.

Sunday, August 30, 2015

Стрип за деца на 8-12 годишна возраст кој ги учи на претприемништво

Новиот стрип со наслов "Мојот прв стартап" на компанијата YourComicStory.com има за цел да ги поттикне децата да размислуваат за започнување сопствен бизнис. Стрипот ги поддучува децата на теми од областа на управување со времето (time management), организација и комуникациски вештини, сите извонредно важни за успешно бавење со претприемништво.

Дејв Киеве (Dave Kieve) еден од основачите на компанијата и главен маркетинг директор вели дека лекциите од книгата би му биле од голема корист во неговите млади години. "Како дете единственото нешто што правев со мојата заштеда беше да си купувам играчки. Требаше да научам нешто повеќе и за инвестирањето."

Извор: YourComicStory.com

Стрипот има 32 страни и во него се зборува за двајца млади претприемачи Тања и Кевин. Без да навлегува во многу поединости, приказната ги следи претприемничките напори на двата главни лика во стрипот. Кевин учи за предностите и недостатоците Кога една бизнис-идеја минува низ фазите од концепт до нејзина реализација, додека Тања ги открива потешкотиите за тоа како да се оствари рамнотежа меѓу животот и работата.

Стрипот е работен со интензивни консултации и дискусии со претприемачи, професори по економија и детски психолози, а крајниот резултат не само што е преполн со потребни совети за младите како да станат претприемачи, туку исто така е и многу интересен за читање.